Emre Aytekin
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Американската компанија „Гугл“ (Google) соопшти дека поради безбедносната дупка која предизвика крадење на личните податоци на корисниците во март, донела одлука за затворање на услугата за социјалните мрежи „Гугл +“, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата соопшти дека во текот на наредните 10 месеци ќе ја затвори услугата „Гугл +“ (Google+) за индивидуални корисници, поради безбедносната дупка која предизвика крадење на лични податоци во март 2018 година.
Во соопштението се наведува дека регистрацијата и употребата на апликацијата сѐ уште е многу мала, а во 90 отсто од случаите, употребата е под 5 секунди.
Тоa е причина поради која оваа апликација ќе продолжи да биде отворена само за коорпоративна употреба, и развојот ќе биде насочен во таа насока.
- Нови превентивни мерки за „Џимејл" (Gmail) и „Андроид“ (Android)
Од друга страна, со цел да се зголеми безбедноста на податоците, компанијата соопшти дека во апликацијата за е-пошта „Џимејл" и за мобилниот оперативен систем „Андроид“, ќе бидат поставени нови ограничувања за пристап.
Според тоа, на корисниците на апликацијата за е-пошта „Џимејл" ќе им биде дозволено да ги користат само оние апликации со кои се подобрува функцијата на пораките.
Кога станува збор за „Андроид“, во соопштението се истакнува дека на развивачите на апликации повеќе нема да им биде дозволено преку Апликацискиот програмски интерфејс (АПИ) што го користат, да остварат пристап до информациите за контакт на корисникот и нивна интаракција, и дозвола за пристап до пораките.