Riyaz ul Khaliq
26 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
АНКАРА (АА) - Американската вселенска агенција НАСА го откажа историското патување на женскиот тим астронаути во вселената - прво од ваков вид - делумно поради недостиг на соодветни космонаутски костими со соодветна големина, пренесува Anadolu Agency (AA).
НАСА денес соопшти дека астронаутките Ана Меклејн и Кристина Кох требало да заминат на „прошетка во вселената“ на 29 март, но „[...] раководителите на мисијата одлучија да извршат усогласување на задачите, што делумно се должи на поседувањето астронаутски костими на станицата.“
„Меклејн во текот на нејзината прва „вселенска прошетка“ увиде дека најдобро ѝ одговара костимот со средна големина. Бидејќи до петок, 29 март, може да се изработи само еден костим со средна големина, тој ќе го носи Кох“, соопшти НАСА, додавајќи дека на Кох ќе ѝ се придружи астронаутот Ник Хаг.
Меклејн својата прва прошетка во вселената ја изведе на 22 март, со што стана 13. жена која изведува екстравехикуларна активност.
Кох в петок ќе стане 14. жена по ред.
САД и Русија спроведоа вкупно 213 вселенски прошетки во кои водат Американците со 160.
Руската космонаутка Светлана Савитскаја стана првата жена која зачекорила во вселената на 25 јули 1984 година.
НАСА ги назначи своите први женски астронаути во 1978 година, а сега тие сочинуваат околу 34% од вкупниот број астронаути во НАСА.