Fuat Kabakcı
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските телекомуникациски компании соопштија дека од утре во повеќе големи градови во оваа земја ќе биде воведена 5Г- услуга на мобилната телефонија, преземајќи клучен чекор во амбициите на Пекинг да стане технолошка суперсила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на државните телекомуникациски компаниии „Чајна Телеком“ (China Telecom), „Чајна Јуником“ (China Unicom) и „Чајна Мобајл“ (China Mobile) се наведува дека 5Г-услугата на мобилната телефонија ќе биде воведена во Пекинг, Шангај, Хангџоу, Гванчџоу и другите големи кинески градови.
Се додава дека 5Г-пакетите, чии цени ќе се движат од само 128 јуани месечно (16 евра), ќе им овозможат на кинеските потрошувачи низ земјата да користат ултрабрза услуга на мобилниот интернет.
Кинеските власти соопштија дека планираат инсталирање на над 50.000 Г5 базни станици во над 50 кинески градови до крајот на оваа година.
Планирано е, исто така, наредната година 5Г-услугата на мобилната телефонија да биде достапна низ цела Кина.