Emre Aytekin
31 Мај 2024•Ажурирај: 04 Јуни 2024
ПЕКИНГ (АА) - Кина испрати пет сателити во вселената со лансирањето на носачот на ракети ЦЕРЕС-1, првиот што беше развиен и произведен од приватна компанија, пренесува Анадолу.
Новинската агенција „Синхуа“ објави дека сателитите се лансирани од сателитскиот центар „Киучуен“ во северозападна Кина.
Лансирањето е 13. успешна транспортна мисија со ракетата ЦЕРЕС-1.
Деветнаесет метри долгата и 1,4 метри широката ракета ЦЕРЕС-1, развиена од компанијата „Галактик енерџи“, може да носи до 350 килограми до ниската орбита на Земјата.
Ракетите „Лонг марч“, произведени и развиени од државната „China Aerospace Science and Technology Corporation“, се користат како главни лансери во кинеската вселенска програма.
Паралелно со зголемениот интерес на приватниот сектор за производство на вселенски ракети во светот во последните години, кинеските власти ги поддржуваат иницијативите на приватниот сектор во оваа област.