Emre Aytekin
18 Март 2023•Ажурирај: 20 Март 2023
Кина во вселената го лансира оптичкиот сателит за набљудување на Земјата со висока резолуција, наречен „Гаофин-13 02“
Според веста на новинската агенција Синхуа, сателитот бил лансиран со ракетата „Лонг Марч-3Б“ од Центарот за лансирање сателити „Сичан“ во југозападната покраина Сечуан.
Се истакнува дека сателитот успешно влегол во својата планирана орбита.
Тоа е 468. успешна мисија на летови од серијата ракети носачи „Лонг марч“.
Сателитот е наменет за следење на ресурсите на површината, урбанистичкото планирање, метеоролошката прогноза, прогнозирањето на жетвата и следењето на природните катастрофи.
Кина првпат започна со производство на сателити „Гаофин“ во 2010 година за појасно и попрецизно да ја набљудува Земјата, а првиот сателит „Гаофин-1“ беше пратен во вселената во 2013 година.