наука и технологија

Индија испраќа истражувачка мисија на мрачната и неистражена страна на Месечината

Целта на мисијата е да истражи дали на мрачната страна на Месечината има вода и тоа е првата таква мисија која ја спроведуваат експерти од Индија

Muhammet Nazım Taşçı  | 14.07.2019 - Обновена : 15.07.2019
Индија испраќа истражувачка мисија на мрачната и неистражена страна на Месечината

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија ја испраќа првата вселенска мисија која на Јужниот Пол на Месечината ќе бара траги на вода, пренесува Anadolu Agency (AA).

Индиската организација за истражување на вселената (ISRO) соопшти дека вселенското летало „Чандрајан 2“ (Chandrayaan-2) ќе биде лансирано утре во 2:51 часот по локално време од вселенската база „Сатиш Даван“ во покраината Андра Прадеш.

Целта на мисијата е да истражи дали на мрачната страна на Месечината има вода и тоа е првата таква мисија која ја спроведуваат експерти од Индија.

Вселенското летало на Месечината носи возило за истражување, а на тлото на сателитот на Земјата би требало да се спушти на 6 или на 7 септември.

Индиските власти тврдат дека нивната мисија ќе ги истражува деловите на Месечината на кои не стигнале мисиите на другите земји.

Проценетата вредност на мисијата е 141 милион долари.

Индија од 1960 година спроведува вселенска истражувачка програма, а индискиот премиер Нарендра Моди најави дека првата астронаутска мисија во вселената ќе ја испратат во 2022 година кога Индија ќе ја одбележува 75. годишнина од независноста.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın