наука и технологија

Забрана за „кинески производи“ во државните институции на САД

- Администрацијата на САД на државните институции привремено им забрани да купуваат производи од кинеските производители „Huawei“, ZTE, „Hytera“, „Hikvision“ и „Dahua“

Abdulkadir Günyol  | 08.08.2019 - Обновена : 09.08.2019
Забрана за „кинески производи“ во државните институции на САД

ИСТАНБУЛ

Администрацијата на САД на државните институции привремено им забрани да купуваат производи од кинеските производители „Huawei“, ZTE, „Hytera“, „Hikvision“ и „Dahua“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во веста што ја објави „Ројтерс“ (Reuters) се вели дека администрацијата на САД вовела нова законска регулатива кон споменатите компании, со што по регулативите што минатата година ги имаше воведено администрациајта на Трамп се премина кон нова фаза на притисок кон кинеските компании. Во рамките на забраната, администрацијата на Трамп привремено на државните институции им забрани да се снабдуваат со производи од кинеските технолошки компании „Huawei“, ZTE, „Hytera“, „Hikvision“ и „Dahua“.

Забраната се оценува како дел од „овластување на Законот за национална одбрана“, кој минатата година беше усвоен во САД. Законот го ограничува купувањето на опрема и услуги од одредени телекомуникациски компании.

Компанијата „Huawei“ соопшти дека ќе продолжат да се борат околу докажувањето за уставнота на воведената законска регулатива. Владата на САД претходно излезе со тврдење дека доделувајќи ѝ на компанијата „Huawei“ да формира инфраструктура за услуги на мрежата 5Г, загрозени се податоците на американскиот народ. „Huawei“ ги негира тврдењата на администрацијата на САД дека оваа компанија врши „шпионажа во име на Кина“.

„Hikvision“, која е една од петте компании на кои се однесува забраната, објави соопштение во кое истакнува дека активностите на компанијата во сите земји во кои ги продаваат своите производи се во согласност со законските регулативи на тие земји. Во соопштнието се вели „Hikvision се стреми во своите производи да ги исполни задолжителните услови што ги наметнува Владата на САД.“








На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın