Emre Aytekin
22 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на базни станици кои поддржуваат 5Г-мобилна комуникациска инфраструктура во Кина достигна 2,1 милион на крајот на август, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за индустрија и информатички технологии, во првите седум месеци од годинава инсталирани се 677.000 базни станици за 5Г, со што на крајот на јули бројот на корисници на 5Г достигна 475 милиони.
Бројот на базни станици 5Г во земјата се зголеми на 2,1 милион. Станиците што ја поддржуваат 5Г-технологијата сочинуваат 19,8 отсто од целата инфраструктура за мобилна комуникација.
Стапката на станици за 5Г се зголеми за 5,5 проценти во споредба со 2021 година.
Министерството во февруари соопшти дека бројот на базни станици во земјата достигнал 1,43 милиони до крајот на 2021 година, што одговара на околу 60 отсто од целата инфраструктура во светот.
Меѓу другото, се предвидува дека бројот на корисници на 5Г во земјата ќе надмине 560 милиони во 2023 година.