Nuri Aydın
16 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
АНКАРА
Научниците тврдат дека со епохалното откритие на движењето на ѕвездите во непосредна близина на супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат пронашле доказ за општата теорија на релативност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Општата теорија на релативност пред повеќе од 100 години ја потврди Алберт Ајнштајн, а научниците и понатаму ја докажуваат нејзината точност.
„Си-ен-ен“ јавува дека Јужноевропскиот опсерваториум со голем телескоп од чилеанската пустина Атакама ја снимил необичната појава непосредно покрај супермасивната црна дупка, која е најблиску до Земјата.
Истакнувајќи дека се работи за најголемо откритие од тридецениската работа на тој опсерваториум, научниците тврдат дека откриле ѕвезда која со голема брзина во орбитата налик на значка се врти околу супермасивната црна дупка и нејзиното гравитационо поле.
Деталите од истражувањето се објавени и во списанието „Astrology and Astrophysics“, а во него се наведува дека станува збор за црна дупка која четири милиони пати е поголема од Сонцето и која е опкружена со група ѕвезди што кружат околу неа.
Sвездата која во непосредна близина на црната дупка прави патна линија во облик на значка ќе заврши еден круг околу црната дупка за 16 години.
Научниците од германскиот Институт „Макс Планк“, предводени од Рајнхард Генцел, тврдат дека утврденото однесување на ѕвездите во близина на црната дупка ја докажува општата теорија за релативност на Алберт Ајнштајн. Тие тврдат дека се работи за појава која наликува на експериментите за движење на светлината и гравитацијата.
„Овој опсерваториум исто така ги зајакна и доказите дека црната дупка „Sagittarius A*“ е четири милиони пати поголема од Сонцето“, изјави Генцел.
Научниците исто така тврдат дека орбитата на ѕвездите околу црната дупка не е во облик на епипса како што предвидуваше Исак Њутн, туку во облик на значка и дека ја потврдува теоријата на Ајнштајн.