Ekipa
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Во центарот на галаксијата Млечен пат, на оддалеченост од 200 светлосни години откриена е нова црна дупка, јавува Anadolu Agency (AA).
Томохару Ока од Универзитетот Кеио, кој го предводи истражувачкиот тим на јапонски научници, соопшти дека откриле нова црна дупка чија околина е опколена од гасни молекули.
Истражувачите, користејќи го телескопот „ALMA“ поставен во пустината Атаџама во Чиле, соопштија дека откриле црна дупка со средна маса, прв примерок од тој вид и додаваат дека станува збор за втора по големина црна дупка откриена во галаксијата Млечен пат.
При истражувањето на движењето на еден необичен облак од гас, во него забележале црна дупка која е 100.000 пати поголема од Сонцето.
Порано во центарот на галаксијата Млечен пат откриена е црна дупка наречена „Sagittarius A*” која има супер маса, 4 милиони пати поголема од масата на Сонцето.
Податоците од откритието се објавени во списанието „Nature Astronomy”.