Emre Aytekin
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Археолозите во Дра Абу eл-Нега, во египетскиот град Луксор пронајдоа погребна градина стара 4.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот Совет за научно истражување (ЦСИЦ) соопшти дека ова е првпат светлината на денот да ја види еден конкретен примерок на погребна градина, која претходно била претставувана само со илустрации.
Екипата предводена од проф. д-р Жозе Мануел Галан утврди дека остатоците се од периодот 2.000 години пред новата ера, односно од времето на 12. династија на Египет. Оваа династија имаше седиште во Теба.
Димензиите на градината се три на два метри и таа се наоѓа на влезот од гробница во карпа. Карпата се состои од делови во кои според преданијата, на лицата што тука биле погребани им се оставале различни плодови.
Галан изјави дека ова откритие ќе послужи да се добијат информации, не само за верата, туку ќе даде можност за осознавање и на секојдневниот живот, околината, па дури и климата.
Покрај градината е откриен и молитвен простор, кој дополнително е изграден за време на владеењето на 13. династија, односно во периодот 1.800 години пред новата ера.