Dzihat Aliju
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, преку пораката испратена до премиерот на Република Македонија, Емил Димитриев, изрази сочувство за жртвите, повредените и штетата предизвикана од поплавите во Македонија , пренесува Anadolu Agency (AA).
„Длабоко сум потресен во срцето поради невремето и поплавите што се случија во Скопје и околината на 6. август, во кои загинаа повеќе од 20 браќа, повредени беа голем број наши браќа и ги загубија своите домови“, рече Јилдирим во пораката упатена до македонскиот премиер Димитриев.
По овој повод, Јилдирим изјави дека се моли на Бога за милост за мртвите, изрази сочувство до ожалостените семејства и посака брзо оздравување на оние што се повредени. Тој додаде дека Република Турција, како и секогаш, со сите можности е подготвена да ѝ помогне на пријателската држава, Македонија.