Şafak Yel
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
ИЗМИР (АА) - Во зградата на училиштето „Јаманлар“ била пронајдена тајна просторија во која се влегува преку гардеробата. Во основното училиште во Измир, за кое се тврди дека е поврзано со ФЕТО, беше назначен државен службеник и тоа беше преименувано во „Загинатите херои од 15 јули“.
Утврдено е дека просторијата била испразнета и во тек се истражувањата поради можноста да постојат други такви простории, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите, кои ги продолжуваат испитувањата во училиштето што се наоѓа во гратчето Карабаглар, направиле истражување на просторија од петтиот кат којашто се користела за сместување. Во неа откриле таен механизам. По пријавувањето на случајот во полиција, во училиштето дошле тимовите на одделот за борба против финансиски криминал од измирската полициска станица. Тимовите спровеле детално испитување и во гардероберот откриле сомнителен конец. Кога го повлекле конецот, се отворила врата којашто водела кон тајна просторија.
- Во просторијата, која била заштитена со алармен систем, пронајдена каса -
Тимовите што влегле во просторијата пронашле четири меча, една празна каса за пари и 2.800 долари, на која биле залепени белешки со бројот 3.200.
Утврдено е дека механизмот со кој се отвора вратата и каблите на алармниот систем биле расипани и пресечени.
Се тврди дека просторијата била користена за сместување. Таа била дизајнирана со луксузни материјали, како за дочекување високи гости, и во неа бил поставен систем за осветлување со далечинско управување и соби со бања.
Поради можноста да постојат и други тајни делови во училиштето, испитувањата се во тек.
Тимовите спроведоа испитување и во просторијата којашто е автентично опремена, наречена „Шарк кошеси“ („Источен агол“). Во просторијата била пронајдена маскирна воена облека на која во делот на градите имало турско знаме, а на рамото имало обратно сошиен воен чин „водник“. Исто така, во просторијата биле пронајдени 2 камшика. На таванот на просторијата бил пронајден калап којшто се состои од две коцки една во друга, познат како печатот на Султан Сулејман.