Ekipa
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција учествуваше на церемонијата по повод започнувањето на новата академска 2016-2017 година на Академијата за жандармерија и крајбрежна стража, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп: „Почитуван Трамп, ви честитаме и ви посакуваме успех. Сигурен сум дека долгогодишното стратешко партнерство меѓу Турција и САД повеќе нема да биде тема на дебати. Земајќи ја предвид чувствителноста на Турција во борбата против тероризмот и потребата за воспоставување мир и стабилност во регионот, сметам дека постои можност новиот претседател на САД, водејќи се според политиката од минатото, нашите традиционални пријателски односи да ги издигне на едно повисоко ниво“.
- „Нова страница на пријателството меѓу Турција и САД“ -
Во врска со испораката на лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, Јилдирим упати повик до Трамп, истакнувајќи го следното: „Од тука упатувам повик до новиот претседател на САД, колку што е можно побрзо на Турција да ѝ биде испорачан Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави. Доколку во краток временски рок ни го испорачате овој лидер на терористичка организација, кој е причина за влошување на нашите односи, човек кој наштети на историското пријателство меѓу американската и турската заедница, сигурен сум дека ќе направите еден нов почеток и ќе отворите една нова страница во турско-американското пријателство“.