Fatih Hafız Mehmet
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – Во врска со изјавите на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, Од Министерството за надворешни работи на Турција одговорија: „ЕУ ги загуби кредибилитетот и угледот во очите на турскиот народ, по прашањето на борбата против тероризмот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од министерството стои дека денешната изјава на Могерини во врска со Турција е неприфатлива.
Исто така, нагласено е дека од обидот за државен удар наваму, ЕУ не ја даде очекуваната поддршка и се однесува со предрасуди: „За жал, ЕУ во однос на борбата против тероризмот, не инсистира да ја разбере чувствителноста на Турција во однос на ова прашање“.
Според министерството, не е доволно да се осудат терористичките напади во Турција од страна на ЕУ, туку таа треба да разбере дека не може да се ослободи од одговорноста што ја носи.
„Во очите на турскиот народ, ЕУ – којашто не може отворено да повика ПКК да се разоружа, која не реагира на слободното движење на терористите во европските држави и на пропагандата и протестите против Турција, па дури и дозволува изложба на ПКК во Европскиот парламент, и се потпишува на одлуки коишто тероризмот го подразбираат како оружена борба кога станува збор за Турција – го загуби кредибилитетот и угледот во врска со тероризмот“, стои во соопштението.
Могерини во денешната писмена изјава нагласи дека ЕУ и државите-членки ги следат последните настани во Турција со сериозна загриженост.