Kemal Zorlak,Aldıjana Hadzıc
13 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес во Анкара порача дека е потребно да се зачува единството кое го покажаа турските политички партии по обидот за државен удар во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим се сретна со претставници на турските медиуми во палатата Чанкаја во Анкара, каде што одговараше на нивните прашања.
Кога станува збор за борбата против терористичката организација ФЕТО, Јилдирим рече дека оваа организација формирала сопствена комуникациска мрежа во која се вклучени над 50.000 луѓе.
„Тие имаат своја посебна комуникациска мрежа. Значи, формирале своја комуникациска инфраструктура што не ја користи никој друг. Во таа инфраструктура има над 50 илјади луѓе. Во тек се дејствија и против нив”, рече Јилдирим.
Говорејќи во врска со мерките што се преземени против терористичката организација по државниот удар, Јилдирим рече дека по обидот за пуч во Турција од должност се решени 81.494 лица, од кои дел се од државната служба.
Според него, меѓу разрешените има војници, судии и други службеници.
Јилдирим порача дека треба да се зачува единството коешто го покажаа турските политички партии по обидот за државен удар во земјата.
„Политичките партии, Републиканската народна партија (CHP) и Партијата за национално движење (MHP) покажаа апсолутно јасен став. Тие покажаа дека се против државниот удар, против тенковите и оружјето, покажаа дека се за демократија и солидарност. Тие веднаш ни се јавија и ја изразија нивната поддршка, тоа продолжи и по обидот за државен удар. Им дадовме ветување на милиони дека тоа ќе го сочуваме, дека ќе го чуваме нашето единство како очите во главата. Тоа навистина треба да го сочуваме. Единството и заедништвото на народот е одговор на оние кои не мислат добро за нашата земја, како одвнатре така и однадвор”, порача турскиот премиер Јилдирим.