Lokman İlhan
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, и со министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Марк Еjро, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации од дипломатски извори, Чавушоглу со македонскиот колега Попоски, зборуваше за билатералните и регионални прашања. Во разговорот, тие размениле мислења и за календарот на посетите кои ќе се остварат помеѓу двете земји во идниот период.
Од друга страна, во текот на разговорот со неговиот француски колега, Чавушоглу го информирал Ејро во врска со операцијата „Штитот на Еуфрат“. Исто така, за време на телефонскиот разговор министрите зборувале и за состојбата во Сирија.
Истакнувајќи дека Франција е во солидарност со Турција во борбата против тероризмот, Ејро изрази сочувство до својот турски колега за лицата кои ги загубија животите во терористичките напади што во последно време се случија во Турција.