Ekipa
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
БАКУ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушогу, денес во Баку изјави дека во Мјанмар на сцената се одигрува една хуманитарна трагедија, и оти не само исламскиот, туку целиот свет треба да покаже чувствителност кон ова прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу престојуваше во Баку, за да присуствува на трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Азербејџан, Грузија и Турција. По состанокот, тој се обрати на прес-конференција, при што се осврна и на случувањата во Мјанмар.
Шефот на турската дипломатија изјави дека Турција е земја којашто од почетокот презеде иницијатива во врска со случувањата во Мјанмар, и дека тоа го сторил и претседателот на оваа земја, Реџеп Таип Ердоган.
„Не само исламскиот свет, целиот свет би требало да биде чувствителен по ова прашање. За жал, досега тоа не го видовме. На сцена е една хуманитарна трагедија, која се случува пред очите на светот“, изјави Чавушоглу.
Тој нагласи дека по Азербејџан, ќе отпатува во Бангладеш, каде што Турската агенција за координација и соработка (ТИКА) и Црвената полумесечина на Турција ќе достават помош за мјанмарските бегалци.