Kristina Maslareviç
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
БЕЛГРАД (AA) - По состанокот со европскиот комесар за соседна политика и проширување, Јоханес Хан, кој присуствуваше и на седницата на Владата на Србија, премиерот на Србија Александар Вучиќ рече дека на седницата се разговараше за три работи: продолжување на европскиот пат на Србија, економскиот напредок и регионалната политика, јавува Anadolu Agency (AA).
„Разговаравме кои се нашите обврски на европскиот пат, низ поглавјето 35, што е за нас секогаш најтежок дел бидејќи се однесува на Косово, а тоа поглавје ни е услов за сите останати поглавја, 23 и 24 и посебно во ракмите на поглавјата 23 и 24 прашања за заштита на националните малцинства и борбата против воените злосторства и воените злосторници, што подвлече и комесарот Хан", рече Вучиќ.
Тој додаде дека се разговарало и за најважните прашања за Срвија, а тоа се економскиот напредок и подобар животен стандард на граѓаните и рече дека ЕУ со огромни пари ја помогна Србија на санирање на последице од поплавите.
„Клучното прашање за сите нас е прашањето на регионалната политика. Тука имаше различни ставови и членови на Владата, одредени членови на Владата тешко ја прифатија одлуката да не одговараме на претставниците на Хрватска на нивните провокации и денес ги изнесоа своите ставови кои по ништо не се сложуваа со моите ставови,а во ништо не беа различни од ставовите на Владата на Србија", рече Вучиќ и додаде:
„ Србија ќе се однесува одговорно, стратешка цел на Србија е единство во ЕУ, Србија секогаш ќе умее да ги заштити своите национални и државни интереси и кога не сме согласни во се со луѓето од ЕУ тоа јасно ќе го речеме и искажеме, но ние сакаме да му припаѓаме на тој вид на општество, сакаме да делиме заеднички вредности, сакаме да работиме заедно. Ние зависиме од ЕУ и ЕУ е најдобриот пат за нашата земја."
Комесарот Јоханес Хан на почетокот на своето обраќање рече дека сите заедно се решителни да одат кон конечна цел, а тоа е пристапувањето на Србија кон ЕУ. Како што наведе, после Брексит се појавија одредени сомнежи во врска со проширувањето, но на Самитот за Западен Балкан сите европски лидери ја изразија својата посветеност кога станува збор за понатамошно проширување на ЕУ.
„Бидете уверени дека има поддршка и решителност Србија да биде во европското семејство. Од тоа ќе продолжиме да работиме многу напорно", рече Хан.
Додаде дека усогласувањето со европските стандарди е во интерес на сите граѓани на Србија, дека тоа не се работи заради задоволството на европските функционери, туку поради придонесот за зголемување на благосостојбата, просперитетот во земјата, а да земјата биде привлечна за странски инвестиции.
Исто така, Хан рече дека не би требало да се заборави дека ЕУ е најголемиот економски пазар на светот, но дека има само седум отсто од светската популација, поради тоа се наоѓа во глобална конкуренција.
Европскиот комесар истакна дека ЕУ очекува од сите свои држави членки да го поддржат понатамошниот развој на Европската унија посебно во регионот би требало да постои силна поддршка за понатамошен развој.
„Тука не се работи само за економскиот развој, туку е поврзано со фактот да дојде до помирување, добрососедски односи, регионална соработка, тоа се суштинските принципи врз основа на кои е изградена ЕУ. Во интерес на ЕУ е Балканот да биде просперитетен", додаде Хан.
Запрашан како ЕУ гледа на потезите и пораките од страна на хрватските политичари на сметка на Србија и Србите во последно време, но и дали Хрватска може да го блокира европскиот пат на Србија, Хан рече дека ЕУ се следи и дека му е благодарен на премиерот Вучиќ на неговото нереагирање.
„Можам само да потсетам дека хрватскиот парламент гласаше со големо мнозинство да се поддржи европскиот пат на Србија и тоа е направено неодамна, од страна на претходната Влада и очекувам од добри причини овој глас и понатаму да е валиден, не сум свестен дека постои некој друг глас", рече Хан.
Зборувајќи за ситуацијата на Косово, Хан рече дека се свесни за сите проблеми со кои регионот се соочува и дека поради тоа смета дека мултилатералната поставеност на ЕУ има цел за надминување на билатералните проблеми, тие треба да се остават само на билатерално ниво.