Hüseyin Burak Demirer
30 Септември 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Победник на денешната 16. трка во Формула 1, Големата награда на Русија, е Британецот Луис Хамилтон, пилот од тимот на Мерцедес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денеска во Сочи се возеше 16. овогодишна трка во Формула 1, Големата награда на Русија. На патеката долга 5.848 метри, пилотите извозија 53 круга.
Трката од пол-позицијата ја започна возачот на Мерцедес, Валери Ботас, а зад него следуваа Луис Хамилтон (Мерцедес), Себастијан Фетел (Ферари) и Кими Раиконен (Ферари). По стартот возачите успеаја да ги зачуваат стартните позиции.
Макс Ферштапен (Ред бул-ТАГ Хојер), кој трката ја започна од 19. позиција, во 8. круг успеа да се избори за 5. позиција. Благодарение на изборот на гумите што го направи, Ферштапен во 19. круг, кога првопласираната четворка влезе во бокс, успеа да ја заземе водечката позиција.
Во 26. круг, второпласираниот Ботас, со наредба на тимот, му ја препушти водечката позиција на Хамилтон. По влегувањето на Ферштапен во бокс во 43. круг и неговото враќање на 5. позиција, Хамилтон успеа да ја заземе лидерската позиција.
Во преостанатиот дел, Хамилтон трката ја заврши комотно, освојувајќи ја својата 8. победа оваа сезона, 70. во кариерата.
Зад Хамилтон, со заостанување од 2,5 секунди, втор на целта пристигна неговиот клупски колега Ботас, а Фетел е трет со заостанување од 7,4 секунди.
Со оваа победа, Хамилтон успеа да собере 306 поени и на само пет трки пред крајот на овогодишното Првенство во Формула 1, пред второпласираниот Фетел има предност од 50 поени. Трет е Ботас со 189 поени.
Следната, 17. трка во Формула 1, Големата награда на Јапонија ќе се вози на 7 октомври.
Првите 6-мина пласирани на Големата награда на Русија:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес)Mercedes)
2. Валери Ботас (Мерцедес)
3. Себастијан Фетел (Ферари)
4. Кими Раиконен (Ферари)
5. Макс Ферштапен (Ред бул-ТАГ Хојер)
6. Даниел Рикардо (Ред бул-ТАГ Хојер)
Пласман на пилоти:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 306 поени
2. Себастијан Фетел (Германија) 256
3. Валери Ботас (Финска) 189
4. Кими Раиконен (Финска) 186
5. Макс Ферштапен (Холандија) 158
Пласман на тимови:
1. Мерцедес: 495 поени
2. Ферари: 442
3. Ред бул: 292
4. Рено: 91
5. Хаас: 80