Onur Usta
01 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд го осуди терористичкиот напад во Истанбул, кој се случи синоќа на дочекот на Новата Година во кој загинаа 39 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Силно го осудувам терористичкиот напад извршен во новогодишната ноќ во Истанбул, во којшто загинаа 39 луѓе. Франција се солидаризира со Турција, а со сојузниците одлучно ќе ја продолжи борбата против ова зло“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Марк Еро ѝ пружи поддршка на Турција преку социјалната мрежа Твитер.
„Со сето срце сме со Турција, која и оваa симболична ноќ се соочи со напад“, изјави Eро.