Dildar Baykan
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
ШАХ ПОРИР ДВИП (AA) - Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека бројот на муслимните од Аракан кои пристигнале во Бангладеш, бегајќи од нападите на мјанмарската власти и будистите во Аракан, се искачи на 73.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на УНХЦР во Бангладеш, Вивиан Тан, истакна дека од 25 август, кога започнаа нападите на војската и будистите во Аракан, до денес во Бангладеш преминале 73.000 цивили.
Од 25 август голем број аракански муслимани го загубија својот живот во нападите на мјанмарската војска кои ги продолжуваат нападите во Аракан под изговор дека се води борба против вооружени милитанти. Над 60 села беа цел на овие напади, од кои десетици беа запалени.
Десетици илјади аракански муслимани се обидуваат да преминат од Аракан во Бангладеш преку копно и море со цел да избегаат од нападите. Десетици илјади аракански муслимани чекаат во пограничните зони.
Не може да се утврди точната бројка на убиени лица поради тоа што мјанмарската влада не им дозволува на меѓународните организации да влезат во регионот. Ѓраѓанските здруженија во Аракан соопштуваат дека бројот на загинати изнесува над илјада, а постојат и тврдења дека дека бројот на убиени изнесува илјадници лица.