Uğur Çil
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Турција ја повика Германија да ја преиспита одлуката за прифаќањето на барањата за азил на поранешните турски воени службеници поврзани со терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за државен удар минатата година во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кога сите докази кои ја покажуваат поврзаноста на пучистите со ФЕТО се на виделина, ваквата одлука на Германија претставува чекор кој е некомпатибилен со духот на сојузништвото и им наштетува на мултидимензионалните односи меѓу нашите земји“, се наведува во соопштението на министерството.
Исто така, во сопштението е нагласено дека со оваа одлука германските власти ги игнорираат демократските принципи и вредности на сојузништвото, а го толерираат и прифаќаат „субверзивниот менталитет“.
„Очекуваме Германија да ја преиспита оваа одлука која е против духот на соработката во областа на безбедноста и одбраната, како и против природата на нашите длабоко вкорени односи. Исто така очекуваме (Германија) да ја даде потребната поддршка на нашата земја во борбата против најопасните терористички организации во светот, вклучувајќи ја и ФЕТО“, се вели во соопштението на турското МНР.