Ahmet Salih Alacacı
29 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 17 офицери на турската жандармерија се уапсени во Анкара денес поради нивната поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара се издадени налози за апсење на 34 лица, од кои две се на должност.
Меѓу осомничените има шест мајори, двајца капетани, тројца поручници и 14 подофицери на Генералната команда на жандармеријата како и девет цивили имами на терористичката група.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.
ФЕТО води долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање на своите следбеници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.