Hatice Kesgin
13 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за образование на Република Турција, Исмет Јилмаз изјави дека во Турција се школуваат 483.000 деца бегалци од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Јилмаз во интевју за АА истакна дека во Турција се згрижени 850.000 сириски деца, и дека повеќе од половина од нив одат во турските јавни училишта, заедно со локалните деца во земјата.
„Сакаме да обезбедиме квалитетно образование, но не само за своите деца, туку и за децата што ги згриживме од Сирија и за оние кои не можат да живеат во своите земји. Необразованите лица се изложени на сите видови ризик, и затоа е важно децата да се образуваат“, изјави Јилмаз.
Укажувајќи на големите напори што владата и администрацијата на Турција ги вложуваат во процесот на обезбедување едукација за сириските деца на школска возраст, ресорниот министер Јилмаз изјави дека се вработени и наставници кои држат настава на арапски јазик, што е показател дека Турција сака сите сириски бегалци еден ден да се вратат во својата татковина.
Турција згрижи речиси три милиони бегалци од Сирија и за тие потреби се потрошени 25 милијарди долари. Европската Унија најави дека за проектот за образование на сириските деца ќе ѝ помогне на Турција со 300 милиони евра, а досега има уплатено 90 милиони.