Merve Aydoğan
10 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Судот во Турција одреди затворски казни за 115 обвинети припадници на терористичката организација ФЕТО, меѓу кои и поранешни офицери во Турските воздушни сили, соопштија денес судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот за тешки кривични дела во Анкара осуди 35 припадници на ФЕТО на казна затвор од 8 години и 9 месеци поради членување на вооружена терористичка организација, додека останатите осомничени добија затворска казна до 7 години и 6 месеци.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, 2016 година, во кој животот го загубија 251 лица, додека речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтирирање во турските институции, особено во Армијата, полицијата и во судството.