Elvir Hociç
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
АНКАРА (АА) - Турција го одбележува националниот празник на националниот суверенитет и на детето, а воедно и 97-годишнината од Народната собрание на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод, в.д. претседател на Народното собрание на Турција, Ахмет Ајдин, ја предводеше делегацијата на службениците во посета на мавзолејот на Ататурк во Анкара.
Покрај Ајдин, Антикабир го посетија турскиот премиер, Бинали Јилдирим, лидерот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, лидерот на опозициската Национална народна партија (МХП) Девлет Бахчели, заменик-премиери, министри и многу други официјални претставници.
Со интонирање на химната и положување венци на Антикабир е дадена почест на основачот на модерната турска држава и нејзиниот прв претседател Кемал Ататурк.
За време на церемонијата пред мавзолејот на Ататурк беа присутни и голем број на млади луѓе од Турција, но и од многу други земји.
Во текот на денот низ Турција со повеќе настани ќе продолжи одбележувањето на празникот, а централната манифестација ќе се одржи во главниот град Анкара.
Државниот празник на националниот суверенитет и ден на детето се слави на 23 април, на денот кога во 1920 година е отворено Големото Национално Собрание на Турција. Овој датум се празнува во присуство на децата од целиот свет.
На овој ден во 1924 година, беше одлучено дека денот на основањето на Големото Национално Собрание ќе се слави како државен празник.
Пет години подоцна, на 23 април 1929 година, овој празник е подарен на децата. Од 1929 година се прославува како Ден на националниот суверенитет, а во исто време и како Денот на децата.