Cemal Aşan
12 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
ВАН (AA) - Кабинетот на гувернерот во Ван, во југоистокот на Турција, соопшти дека во денешниот терористички напад на автомобил бомба врз објектот пред зградата на покраинската управа на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) ранети се 48 лица, од кои две потешко, јавувa Anadolu Agency (AA).
Меѓу нив се 46 цивили и двајца полицајци.