Vakkas Doğantekin
29 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
ИДЛИБ (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ во 2018 година достави вкупно 2.200 камиони со хуманитарна помош за населението во руралните средини на сириските покраини Идлиб, Хама, Алепо и Латакија, погодени од конфликтот, соопшти денес за Anadolu Agency (АА) заменик-претседателот на ИХХ, Ерхан Јемелек.
„Минатата година испративме 55.000 тони помош која се состоеше од пакети со храна, средства за чистење и многу други неопходни работи во 2.200 камиони, за над 1 милион цивили од нашите логистички центри во турските области Хатај, Килис и Шанлиурфа“, рече Јемелек.
„Ние дистрибуираме помош за Сиријците од 2011 година, со цел да им помогнеме да најдат сместување и за задоволување на нивните потреби од храна, не исклучувајќи ги и здравствените потреби“, додаде тој.
Сирија само што почна да испливува од судирите што започнаа во 2011 година, кога режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги разби демонстрациите со неочекувана свирепост.
Илјадници цивили се убиени или раселени во судирите, главно предизвикани од воздушните напади на режимот насочени кон позициите кои ги држеше опозицијата.
Според проценките, Турција моментно е домаќин на околу 3,6 милиони сириски бегалци.