Sena Güler
19 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турската војска соопшти дека во денешните воздушни напади во Северен Ирак неутрализирани се најмалку осум терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб истакна дека терористите се неутрализирани во регионите Хафтанин и Гара во Северен Ирак.
Терористите планирале напади врз турските воени бази.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турциија, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.