Enes Kaplan
08 Октомври 2018•Ажурирај: 08 Октомври 2018
БУДИМПЕШТА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на официјалната посета на Унгарија допатува во Будимпешта, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и неговата делегација на аеродромот „Франц Лист“ беше пречекана од заменик-министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Левенте Маѓар, амбасадорот на Унгарија во Анкара, Габор Киш, амбасадорот на Турција во Будимпешта, Ахмет Акиф Октај, и други официјални претставници.
Во делегацијата на турскиот претседател се наоѓаат неговата сопруга Емине, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерката за трговија, Рухсар Пекџан, министерот за транспорт и инфраструктура, Мехмет Џахит Турхан, заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (АК Партија), Џевдет Јилмаз, шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, и портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
Турскиот претседател Ердоган, потоа, во Претседателската палата во Будимпешта, со свечена церемонија беше пречекан од страна на унгарскиот претседател Јанош Адер.