Seval Güler
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
АНКАРА (АА) - Генералното собрание на турскиот Парламент усвои документ на Владата кој се однесува на продолжување на вонредната состојба во земјата на дополнителни три месеци, почнувајќи од среда, 19. април од 01:00 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот на министри на Република Турција претходно ги усвои препораките на Советот за национална безбедност за продолжување на вонредната состојба во земјата.
Во однос на тоа, конечна одлука денес донесе Големото народно собрание на Република Турција.
Пратеникот на Партијата за правда и развој (АК Parti) во Анкара, Мурат Алпарслан, во својот говор потсети на борбата против терористичките организации во земјата, како и на обидот за државен удар на 15 јули.
Тој истакна дека имплементирањето на вонредната состојба е нужност во ваква ситуација.
Вонредната состојба во Турција беше воведена на 20 јули минатата година, по неуспешниот обид за државен удар, кој во земјата го изведе терористичка организација ФЕТО.
Турскиот Парламент последен пат во месец јануари ја продолжи вонредната состојба во државата за уште три месеци.