Sena Güler
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, соопшти дека Турција во првите три квартали од 2018 година има угостено околу 32 милиони туристи, со пораст од 23 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изгледа дека бројката ќе надмине 40 милиони туристи со што ќе биде надминат турскиот рекорд“, изјави Мехмет Нури Ерсој во уредничкиот деск на АА.
Нагласувајќи дека постои пораст во бројот на туристите, Ерсој изјави дека туристичкиот сектор доживеал брзо закрепнување.
Министерот Ерсој изјави дека освен вообичаените туристи кои уживат во „морето, песокот и сонцето“, има и такви кои започнале да ја посетуваат Турција поради заинтересираност за нејзината култура.
Тој изјави дека како дел од протоколот со турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) од април ќе започнат со закажаните летови во 14 земји и на 17 дестинации.
„Во дестинациите спаѓаат Велика Британија, Германија, Русија, Украина, Саудиска Арабија, Израел, Алжир, Кувајт, како и турските крајбрежни градови или подрачја Анталија, Даламан, Бодрум и Измир“, изјави министерот за култура и туризам.
Тој, исто така, го пофали новиот аеродром во Турција, „Истанбул“, кој ќе биде еден од најголемите светски аеродроми и изјави дека тоа претставува клучна инвестиција во зајакнување на туризмот во земјата.
Ерсој, исто така, рече дека големите напори за враќање на исчезнатите парчиња од мозаикот „Ромска девојка“ - кој се наоѓа во југоисточната област Газиантеп, се речиси при крај.
Мозаици од 12 век кои ги отсликуваат изумрените птици и митолошки карактери, во моментот се наоѓаат во државниот Универзитет „Боулинг Грин“ во Охајо, САД.
„Од 26 ноември ќе бидат донесени во Газиантеп од Чикаго со авион на Туркиш ерлајнс“, изјави Ерсој.
Тој додаде дека во Турција во периодот од 2003 до 2018 година биле вратени 4.319 историски артефакти.