Tevfik Işık
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
ЈОЗГАТ (АА) - Вицепремиерот на Турција, Бекир Боздаг, во денешната изјава за новинарите најави укинување на вонредната состојба во таа земја, воведена по обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Можно е укинување на вонредната состојба“, изјави Боздаг, најавувајќи ја таа можност за периодот по одржувањето на предвремените претседателски и парламентарни избори распишани за 24 јуни.
Боздаг ги повика германските власти да истражат и да ги соопштат информациите во врска со престојот на еден од најбараните пучисти на ФЕТО, Адил Оксуз, во таа земја.
„Германските власти треба да ги истражат и соопштат информациите за престојот на Адил Оксуз во Германија“, изјави Боздаг.