Safvan Allahverdi
23 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека наместо американскиот секретар за одбрана Џим Матис, вршител на должноста ќе биде Патрик Шанахан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп одлуката за именувањето ја соопшти на социјалната мрежа Твитер.
„Мило ми е што можам да соопштам дека функцијата вршител на должноста секретар за одбрана ќе ја врши нашиот многу талентиран заменик-секретар за одбрана Патрик Шанахан. Од 1 јануари тој ќе го добие звањето секретар за одбрана“, напиша Трамп.
Тој наведе дека Шанахан зад себе има долга листа на достигнувања.
За заминувањето на Матис од функцијата се шпекулираше подолго време, а оставка поднесе откако Трамп соопшти дека американските трупи ќе се повлечат од Сирија.
Трамп претходно на социјалната мрежа напиша дека на Матис му дал втора шанса откако го отпуштил поранешниот американски претседател Барак Обама.
„Сојузниците се многу важни, но не кога ги искористуваат САД“, напиша Трамп.