Ekip
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Светскиот конгрес на претприемачи одржан во Истанбул, рече дека на првиот Конгрес зедоа учество претприемачи од 72 земји, на вториот од 90 земји, додека на денешниот конгрес учествуваат претприемачи од 95 земји од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше и за колонијализмот, дека во светот постојат заедници кои не се спротивставуваат на тоа да бидат колонии, туку ја усвојуваат и прифаќаат ситуацијата, што е, како што рече, за жалење.
„Да можат тие луѓе да ја сочуваат својата слобода и засебе да ги користат богатствата кои ги поседуваат, би можеле да бидат на подобра позиција отколку што се сега”, додаде Ердоган.
Покрај тоа, турскиот претседател додаде дека буџетот на Турција е поефикасен од буџетот на 23-те земји членки на Европската унија (ЕУ).
„Ни тероризмот, ниту регионалните проблеми, ниту пак оние кои сакаат да ѝ го попречат патот на нашата земја, нема да успеат да нè спречат во остварувањето на целите за 2023 година. Сакам тоа да се знае”, рече Ердоган.
Тој зборуваше и за ситуацијата во Сирија за која рече дека треба да се биде слеп да не се видат целите и намерите на оние кои играат игри зад изговорот ДАЕШ.