Sinan Uslu
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес остварија телефонски разговор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на кабинетот на претседателот на Република Турција, двајцата лидери разговараа за билатералните односи, како и за најважните регионални прашања.
Особено беше обрнато внимание на значењето на заедничката борба против тероризмот.
Ердоган и Макрон исто така разменија мислења и за последните случувања во Сирија и во Ирак.