АНКАРА (АА) - ВАКАС ДОГАНТЕКИН -
Турција успеа да поврати околу 250 училишта кои беа поврзани со терористичката организација ФЕТО во 40 земји во светот и спаси 30.000 студенти од паѓање во замката на терористичката организација, истакна Хасан Јавуз, потпретседателот на Фондацијата „Маариф“.
Турција ја формираше Фондацијата „Маариф“ во 2016 година за да го преземе управувањето со странските училишта поврзани со ФЕТО. Според турското Министерство за образование, Фондацијата ја презела контролата врз бројни училишта претходно управувани од ФЕТО во светот, од кои најмалку 32 во Африка.
Во разговорот за Anadolu Agency (АА) Јавуз ја истакна одлучноста на Турција за искоренување на мрежата на ФЕТО во странство и ги објасни подлите тактики што ги применуваат припадниците на ФЕТО.
„Добивме силна порака од чесниот турски народ кој го прекина обидот за државен удар на ФЕТО на 15 јули 2016 година, со излегување на улиците во милиони, жртвувајќи ги своите животи. Тие побараа апсолутен крај на сите терористички активности на ФЕТО“, рече Јавуз, кој има функција и на амбасадор.
„Ставањето крај на терористичките активности на ФЕТО е нашата најголема должност во рамките на законот“, додаде тој.
Според Јавуз, ФЕТО користи четири стратегии во војната против Турција:
- Користење официјални лица и службеници чиј мозок е испран, и нивно регрутирање за време на нивните студентски години во училиштата на ФЕТО.
- Обезбедување бесплатно образование за децата и роднините на високи функционери и бирократи, кои за возврат треба да замижат во врска со активностите на ФЕТО во тие земји, особено во Африка.
- Користење тактики на измама, како што се маскирање на установите на ФЕТО како странски корпорации кои имаат мултинационални акционери.
- Оставање неплатени долгови, неплатени премии за осигурување на работниците и административниот персонал, скршени компјутери и оштетени училишта. Откако ФЕТО станува сигурна дека ќе се преземе одредено училиште од неа, таа ги префрла сите пари од сметките на локалните банки во Пенсилванија, оперативната база на терористичката организација во САД.
Јавуз нагласи дека Турција зацртува одредени услови во протоколните договори со земјите кои одлучиле да ги предадат училиштата на ФЕТО на Фондацијата „Маариф“.
„Ние нема да ги платиме долговите на оваа терористичка организација, ние само го враќаме она што е веќе наше. Овие училишта сте им ги дале ним, мислејќи дека тие ја претставуваат Турција“, рече Јавуз.
Toj изнесе детали за правните битки против терористичката организација во текот на годините, и им се заблагодари на високи официјални лица и пратеници во Сенегал, Чад, Мали, Нигер, Гвинеја и во неколку други земји за нивната непроценлива соработка во уништувањето на плановите на ФЕТО да ги користат тие земји како бази за да водат војна против Турција.
- „Благодарност до Пакистан и Авганистан“ -
Коментирајќи го значајниот напредок направен во Пакистан и Авганистан во правец на елиминирање на заканата од ФЕТО, Јавуз рече: „Имавме тежок правен процес пред нас, но трпеливо се боревме во изминатите две години и на крајот победивме.“
„Шест училишта во поголемите градови во Авганистан, како што се Херат, Мезар-и Шериф и Кабул, се префрлени на „Маариф“. Уапсени се 35 припадници на ФЕТО. Пакистан даде добар пример и за Авганистан. Овој позитивен тренд ќе продолжи“, заклучи тој.
Турција побара од неколку земји во светот да ги затворат училиштата, колеџите и бизнисите поврзани со терористичката организација ФЕТО, по неуспешниот обид за државен удар изведен на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Минатата година Пакистан, уште еден близок сојузник на Турција, нареди затворање на училиштата раководени од ФЕТО и депортира во Турција десетици вработени поврзани со ФЕТО.
Обидот за државен удар во 2016 година беше изведен од ФЕТО и оркестриран од нејзиниот водач Фетула Ѓулен кој живее во САД.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
ФЕТО има значително присуство надвор од Турција, вклучувајќи ги и приватните училишта кои служат како прилив на приходи за терористичката организација.
news_share_descriptionsubscription_contact
