Emel Öz Gözellik
07 Октомври 2018•Ажурирај: 08 Октомври 2018
СЕУЛ (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денес во Пјонгјанг го прими американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на американската дипломатија, Помпео, на социјалните мрежи потврди дека со севернокорејскиот лидер имал конструктивен разговор и дека е постигнат напредок за договорите постигнати на сингапурскиот Самит на лидерите на САД и Северна Кореја.
По завршувањето на посетата Помпео од Пјонгјанг отпатува во Сеул.
Претходно Помпео во Токио се состана со јапонските официјални претставници, а во фокусот на разговорот за време на неговата турнеја е ситуацијата во тој регион, со акцент на подготовките за договорениот процес на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.