Enes Kaplan
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го прими претседателот на Регионалната влада на ирачките Курди, Месут Барзани, при што се разговарало за преземање чекори во насока на затворање на училиштата и стопирање на активностите на институциите што се поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации добиени од претседателските извори, претседателот Ердоган на средбата со претседателот на ирачката Курдска регионална влада, Барзани, зборувале за развојот на настаните во регионот и борбата против тероризмот.
За време на приемот во претседателската палата, во врска со обидот за државен удар на 15 јули, претседателот Барани истакна дека ја поздравиле поддршката која што турскиот народ ѝ ја даде на својата влада и застана во нејзина заштита, со што е сочувана демократијата во Турција.
Претседателите Ердоган и Барзани ги размениле своите мислења во врска со развојот на настаните во регионот, борбата против тероризмот, вклучувајќи ги и терористичките организации ДАЕШ и ПКК.
На средбата, меѓу останатите теми, станало збор и за преземањето чекори во насока на затворање на училиштата и стопирањето на активностите на институциите на ФЕТО во ирачкиот регион Курдистан.