Dejan Maksimoviç
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
НИШ (AA) - Според неофицијални информации кои ги пренесе српската државна телевизија, денес во раните утрински часови во Ниш одекна експлозија. Бомбата е поставена под бел голф, со регистарски таблички од Врање, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Ургентниот центар во Ниш потврдија дека се примени три лица, меѓу кои две со потешки повреди. Еден студент е во тешка состојба и се наоѓа на хирургија, додека на второто машко лице му е ампутирана потколеницата.
Во експлозијата на автомобил со полесни повреди се здобила девојка на која и е санирана повредата на стапалото, после што е пуштена на домашно лекување.
Во моментот на експлозијата околу три часот наутро во близина на автомобилот голф се наоѓале други две возила, поради што е причинета материјална штета на уште три автомобили. Од полицијата во Ниш се уште официјално не се огласиле по повод овој случај, но најавија дека тоа ќе го направат во текот на денот.