Sertaç Bulur,Serdar Açıl
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека Турција не се бори само против терористите, туку против сите структури и фактори кои го поддржуваат или на било кој начин го поттикнуваат тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ресорната парламентарна комисија на турскиот Парламент денес започна дискусија за буџетот за наредната година, а на членовите денес им е поднесен извештај од министерот за внатрешни работи Сојлу.
„Сакам јасно и отворено да кажам дека нема да имаме толеранција кон пружањето поддршка на терористите, па дури ни за оние кои даваат морална поддршка на тие криминалци”, порача Сојлу.
Тој изјави дека оваа година вкупно 457 терористи ја напуштиле терористичката организација ПКК и им се предале на турските безбедносни сили, што претставува најголем број предавања во последните 17 години.
Истакнувајќи дека турските сили водат борба и за неутрализација на сите извори на финансирање на терористчките организации, Сојлу изјави дека меѓу тие извори најважно е производството и криумчарењето на дрога.
Тој изјави дека оваа година турската полиција од терористите на ПКК запленила дрога и наркотици чија вредност на црниот пазар се проценува на четири милијарди лири (1,3 милијарди евра), а дека и во операциите против терористичката организација ФЕТО запленета е дрога во вредност од 75 милиони лири (21 милион евра).
Турскиот министер Сојлу исто така изјави дека во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО од Министерството за внатрешни работи на Турција обвинети се 21.929 службеници. Тој додаде дека во тек е процесот на примање нови полициски службеници и ефикасно пополнување на празните работни места.