Halil İbrahim Başer
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим, по падот на рускиот воен авион во водите на Црното Море испрати порака со сочувство до премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, јавува Anadolu Agency (AA).
Од владини извори се дознава дека премиерот Јилдирим по падот на авионот од типот TU-154 во близина на градот Сочи, до својот руски колега испратил порака со сочувство.
Се истакнува дека премиерот во пораката искажал сочувство и солидарност со руската влада за загинатите руски граѓани.