БИТЛИС (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, заедно со главниот командант на жандармеријата, генерал Јашар Ѓулен, и началникот на полицијата, Селами Алтинок, го посети Битлис, каде што изјави дека инвестициите во Турција продолжуваат, иако се прават обиди за прекривање со тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Инвестициите во инфраструктурата на државата со голема брзина и одлучност, без прекин продолжуваат напред. За жал, овој напредок се обидуваат да го прекријат со тероризмот. Турција не е земја во која тероризмот е единствана агенда”.
Во Битлис, министерот Сојлу со својата делегација се сретна со трговците од градот и претставиците на невладините организации.
Министерот за внатрешни работи во своето обраќање изјави дека по инструкции на претседателот и премиерот на Турција, ги посетува областите во источна и југоисточна Анадолија.
- „Целта на посетите е поголемо зближување на државата и народот” -
Министерот Сојлу истакна дека целта е од теренот, преку граѓаните и невладините организации, да се информираат за спроведувањето на одлуките кои ги донесува владата.
„Ги оценуваме одлуките кои ги носи Советот на министри. Тука можеме да ја видеме рефлексијата на нашите одлуки, не само од безбедносен аспект, туку и од аспект на развој на државата, збогатувањето, просперитетот на луѓето, и со одлучноста преку нашето братство, единство и заедништво, да ги поставиме на повисоко ниво. Досега ги посетивме Дијарбакир, Мардин, Хакќари, Ширнак, Ван, Сирт. Ова се посети за поголемо зближување на државата и народот. Овие посети постојано ги спроведуваме и ќе продолжиме да ги остваруваме”, рече министерот Сојлу.
Министерот истакна дека нема да се дозволи историските градови да бидат споменувани по тероризмот.
„Овие наши области во текот на историјата биле многу значајни цивилизациски центри. Не можеме да останеме слепи и нема да дозволиме овие историски градови, во кои цивилизацијата се развивала со милениуми, да бидат спомнувани по тероризмот. Затоа, ги остваруваме овие посети со цел да создадеме поблиски врски со народот, да го чуеме народот од неговото место на живеење. Имаме многу убави позитивни реакции. Она што нашите граѓани, јавни службеници и лидери ни го кажуваат се убав патоказ за нас. За негово спроведување потребни се поголеми инвестиции, и заедно ќе можеме да го видиме со помош на поефикасни иницијативи”.
- „Турција не е земја во која тероризмот е единствена агенда” -
„Тероризмот кој се случува кај нас има за цел да го наруши моралот на народот и да ги зацрни надежите за иднината”, рече Сојлу и потсети дека со воведувањето на вонредната состојба по настаните од 15 јули, од самиот почеток досега, тоа не се одразило врз секојдневното живеење на луѓето.
Министерот Сојлу, истакнувајќи дека Турција за време на вонредната состојба ги пушти во употреба мостот Јавуз Султан Селим, тунелот Евроазија, железничката станица за брзи возови, голем број свечени церемонии на заеднички отворања, го рече следното:
„Инвестициите во инфраструктурата на државата со голема брзина и одлучност, без прекин продолжуваат напред. За жал, овој напредок се обидуваат да го прекријат со тероризам. Турција не е земја во која тероризмот е единствана агенда. Турција се наоѓа во период на иницијативи за развој, големи цели за иднината и таа моќна земја која го поседува капацитетот да ги спроведе зададените цели. Турција истовремено се справува со трошоците околу настаните на Средниот Исток, и со трошоците од социјален и економски аспект кои ги предизвикуваат терористичките организации, како што се ФЕТО, ДЕАШ, ПКК, ЈПГ, КЏК, ДХКП-Џ. Новиот Устав има за цел да ги зацврти работите околу политиката и правото и спроведувањето на инвестициите. Тоа е само мал дел од развојот кој Турција го постигна во послените 14 години”.
- „Потребно е целиот свет заедно да се бори против тероризмот” -
Министерот Сојлу рече дека на тие територии, илјадници години сите делови живееле братски и дека тоа братство е невозможно да се расипе со неколку бомби.
„Целиот свет треба да сфати дека тероризмот не треба да се користи како еден политички посредник. Тероризмот не се случува само на Средниот Исток. Лицата на кои им се испрани умовите спроведуваат акции насекаде во светот. Теророт нема идентитет, не постои добар или лош тероризам. Кога станува збор за тероризам, не треба да се однесуваме според субјективните критериуми. Потребно е земјите од целиот свет со иста свест, заедно да се борат против оваа епидемија”.
- „Нека не прават игри без наше знаење...” -
Истакнувајќи дека станува збор за временски период кој е од големо значење, тој додаде дека некои од околината на Турција се обидуваат да ја изменат географијата на теренот. Тој ја даде следната проценка:
„Можеби нашата моментална моќ и сила не се доволни да правиме игри на оваа географска позиција, но затоа имаме доволно сила, моќ, разбирање, упорност и одлучност тоа да не им го дозволиме на другите да го прават. Се наоѓаме на највисоко ниво во последните 300 години. Ги отворивме тунелот Евроазија и мостот Јавуз Султан Селим. Поставуваме цели и велиме дека ќе произведеме сопствено возило и сопствен сателит”.