Selçuk Acar
09 Јули 2016•Ажурирано: 09 Јули 2016
ОН (АА) - Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) за координација на хуманитарни работи (ОЦХА) објави податоци за 300,000 лица кои поради бомбардирање и судири се заробени во Алепо, во Сирија, па изрази длабока загриженост поради нивната состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фахран Хаг изјави како ОЦХА поради загриженоста ја следи ситуацијата на 300,000 луѓе кои се заробени во Алепо.
Хаг додаде дека во последните неколку недели судирите се интензивирани во Алепо и опколените подрачја. Тој истакна дека стигаат вести за воздушните напади, бомбардирањата и жестоките судири во кои гинат или се ранети поголем број на цивили.
Поради судирите долж „ Улицата Кастељо” која претставува единствен излез од градот, цивилносто население остана изолирано.
„Во последните неколку дена, жестоките судири оневозможуваат достава на помош и го зголемуваат ризикот од загинување и ранување на цивилите”, истакна Хаг.