Ekipa
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
ХОМС / АНКАРА (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад изведува интензивни напади врз северен Хомс кој подолг период се наоѓа под опсада. Најмалку двајца цивили ги загубија животите во северен Хомс, јавува Anadolu Agency (AA).
Дописникот на АА од терен информираше дека режимот на Асад уште од утринските часови извршил околу 70 воздушни напади врз северниот дел на Хомс.
Цел на нападите се појасот Заферане и селата Изетин Макрамије, Тилиф и Дејфул. Погодена е болницата во Заферане, по што не може да пружа услуги, а во истовреме се ранети голем број цивили. Во северен Хомс загинаа најмалку двајца цивили.
Дописникот на АА информираше дека режимот на Асад и неговите поддржувачи, по воспоставувањето контрола врз Источна Гута во главниот град Дамаск, се насочиле кон подрачјето на Хомс, во централниот дел на земјата која се наоѓа под опсада.
Силите на режимот операциите врз северниот дел на Хомс ги започнаа на 14 април, и во рок од три дена заземаа шест точки, но подоцна опозицијата успеа да ги врати назад.
Со посредство на Русија се одржаа преговори по кои до 22 април беше воведено примирје, но подоцна примирјето беше прекинато.
Во северниот дел на Хомс опозицијата под своја контрола има површина од 592 квадратни километри, која веќе пет години е под блокада од страна на режимот. Во подрачјето живеат меѓу 200 и 250 илјади лица.
Северниот дел на Хомс, според договорот на Турција, Русија и Иран во рамките на состанокот во Астана во мај 2017 година, беше ставена во зоните без судири.
Русија на 4 октомври 2017 година објави дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу режимот и опозицијата во подрачјето на северен Хомс, кој спаѓа во зоната без судири.