Halit Süleyman
20 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните интервенции на руските авиони врз зградата на Судот во Идлиб, во Сирија, загинаа 40 цивили, а 150 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, испалени се осум проектили врз зградата, а екипите на цивилната заштита се обидуваат да ги извлечат десетиците заробени под рушевините.
При нападот причинета е огромна материјална штета.
Членот на комитетот за локална координација во Идлиб, Фирас Ебу Мухамед, кажа дека "метата на руските авиони се цивилните населби во Идлиб и околината" и додаде дека "во Идлиб нема припадници на терористичката организација ДАЕШ, кои Русија треба да ги напаѓа.
"Руските авиони откако дојдоа во Сирија, вршат масакр над цивилното население", рече Мухамед и додаде дека посебно се напаѓаат населените места кои се под контрола на опозицијата.
Кон крајот на септември оваа година, руските авиони започнаа со бомбардирање на сириските градови. Иако Русија тврди дека мета на нејзините напади се позициите на терористичката организација ДАЕШ, често жртви на овие напади се сириските цивили. Исто така, во тек на овие напади често биваат унишувани и воени стожери и центри за обука на сириската опозиција кои се наоѓаат во Хомс, Идлиб и Алепо.