Halit Süleyman
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Според првичните информации, во нападот на руските авиони на населба во Алепо, која е контролирана од страна на опозицијата, загинале 16 лица, меѓу кои осум деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Наџиб Ансари, од Цивилна одбрана којашто ги организира спасувачките акции во Алепо, соопшти дека воен авион на руската армија извел напад со разорна бомба над населбата Марче, којашто се наоѓа во источниот дел на градот.
Според неговата изјава, десетици луѓе се повредени, а екипите на цивилната заштита се обидуваат да ги спасат луѓето заглавени под урнатините.
Бомбите што ги користат руски авиони можат да направат кратер со длабочина помеѓу пет и седум метри.