Diyar Güldoğan
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Во Астана, главниот град на Казахстан, ќе започне седмата рунда на мировните преговори за Сириија, а главна тема на дводневната програма е зајакнување на прекинот на огнот кој беше договорен на крајот од минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Преговорите се водат на иницијатива на Турција, Русија и Иран, а учеството во седмата рунда го најавија делегациите на трите земји, како и делегациите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, вооружени бунтовнички групи, како и делегацијата на Обединетите нации, САД и на Јордан.
Раководителот на казахстанската дипломатија и на домашните преговори Каират Абдурахманов, претходно соопшти дека за време на седмата рунда ќе се преговара и за прашањето за ослободување на затворениците и за отворањето на хуманитарни коридори.
Процесот на отстранување на преостанатите минско-експлозивни средства во областите каде што беше ставен крај на конфликтот е уште една од темите за кои делегациите треба да разговараат утре.
На преговорите во Астана на почетокот од мај беше договорено воспоставување на четири зони без судири на местата на најголеми судири во Сирија. Со договорот Русија и САД, Дераја и Kунејтра се прогласени за заштитни зони и за овие региони се водат одделни преговори. Русија во јули испрати полициски сили за контрола на спроведувањето на прекинот на огнот во овие региони.
Паралелно со тоа, руското Министерство за одбрана на почетокот од јули соопшти дека е прогласен прекин на судирите и во Источна Гута кај Дамаск, но на почетокот од август открино е дека тој договор е потпишан од страна на само една бунтовничка група. Силите лојални на режимот на Асад и понатаму вршат артилериски и воздушни напади на Источна Гута.
Во текот на последната рунда преговори во Астана беше постигнат договор за границите на Идлиб, во чии рамки на сила ќе биде договореното примирје. Во согласност со договорот, турските безбедносни сили се ангажирани на терен.