Halit Süleyman
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку седум лица загинаа во воздушен напад на сириските режимски сили на дел од градот на Алепо кој е под контрола на опозициската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјално лице на цивилната одбрана во Алепо, Абу Лејс, му потврди на новинарот на АА дека хеликоптерот на сириските сили лојални на режимот на Башар ал Асад изврши напад со барелни бомби на дел од градот Стар Алепо, кој е под контрола на опозицијата
„Во нападот загинаа најмалку седум лица од исто семејство. Голем број на лица се ранети”, изјави Лејс.
Тој нагаси дека куќата која е погодена во нападот е уништена во потполност, многу стамбени објекти во близината се оштетени, и дека екипите на цивилната одбрана работат на извлекување на луѓето кои останале потрупани под урнатините на куќите.